Заземете го мирниот ритам на пролетното утро со сложувалките-Уличката во пролет. Колекција инспирирана од нежната убавина на разбудената природа и живописните северноевропски улички. Сликата прикажува шетачи кои минуваат низ калдрмисана уличка обиколена со расцутени цреши, розови и бели лалиња, и пастелни фасади кои зрачат со топлина и мир.
Достапна во две верзии од 500 парчиња за попријатно и полесно составување и 1000 парчиња за посериозен предизвик. Оваа сложувалка е идеална за семејни попладневи, самостојна релаксација или за подарок на некој кој ги сака убавите нешта. Деликатната розово-кремова палета на бои ја прави оваа сложувалка и визуелно навистина привлечна.
Илустрацијата е изработена во постер стил со рамни, чисти бои и суптилни детали, фигурите на шетачите, светилките, прозорците и цветовите создаваат богата сцена која ве вовлекува во секој агол. Парчињата се прецизно исечени со мат финиш кој ги намалува одблесоците и го олеснува работата, а цврстото спојување не дозволува расклопување за време на составувањето.
Сложувалките- Уличката во пролет се одличен избор за подарок по повод роденден, Денот на мајката или Велигден. По завршување, сликата може да се врамури и да служи како уникатна декорација на ентериерот.
Спецификација
- Број на парчиња: 500 / 1000 парчиња
- Тема: Европска уличка во пролет
- Стил на илустрација: Уметнички принт / постер стил
- Материјал: Картон со мат финиш
- Препорачана возраст: 14+ години
- Пакување: Кутија со референтна слика
Ако сте нов во составувањето на сложувалки и не знаете која големина е најдобра да започенте, прочитајте на нашиот водич за како да изберете правилна сложувалка според возраст и спремност.


Критики
Нема критики сеуште.