Откријте го задоволството на смирено составување парчиња со Сложувалките- Уличката во есен. Ова се сложувлаки инспирирани од топлата, нежна убавина на есенските улички во Европа. Оваа слагалка е повеќе од игра: таа е мал уметнички проект кој ве вовлекува во светот на шарени фасади, коцкасти калдрми и дрвја облечени во злато и крем.
Достапна во две верзии- 500 парчиња за попријатно и поопуштено искуство и 1000 парчиња за вистинско предизвикување на вниманието и трпеливоста, оваа сложувалка е совршена за секој профил на составувач. Почетниците ќе ја завршат за еден попладне, а искусните ентузијасти ќе уживаат во деталите на секое парче.
Илустрацијата е изработена во стилот на рачно насликан акварел, со жива палета на портокалова, зелена, кремова и сина боја. Секое парче е прецизно исечено со мат финиш кој ги намалува одблесоците и го прави гледањето на сликата попријатно. Парчињата цврсто се спојуваат едни со други, без ризик од расклоpување за време на работа.
Сложувалките -Уличката во есен се идеален подарок за роденден, празници или за секој кој сака смирена активност подалеку од екрани. Резултатот по завршување може да се врамува и да се користи како декорација.
Спецификација
- Број на парчиња: 500 / 1000 парчиња
- Тема: Европска уличка — есен
- Стил на илустрација: Акварел / уметнички принт
- Материјал: Картон со мат финиш
- Препорачана возраст: 14+ години
- Пакување: Кутија со референтна слика
Пред да одлучите за купување, може да ги споредите различните брендови на сложувалки, каде ќе најдете детална анализа на цена, квалитет на парчиња и достапни димензии за секој бренд одделно.


Критики
Нема критики сеуште.