Ова не е обична сложувалка. Ова е сложувалка- мапа на светот со 2000 прецизно исечени парчиња и финална големина од 70 × 100 см. Ова е сериозен предизвик за секој љубител на сложувалки, но и вистинско уметничко дело достојно за ѕид кога ќе биде завршено.
Што добивате:
- 2.000 издржливи хартиени парчиња, прецизно исечени за совршено вклопување и долготрајна употреба
- Финална големина: 70 × 100 см- доволно голема за да привлече внимание
- Елегантен сив дизајн со мапа- неутрален и лесно вклоплив во секој ентериер
- Погодна за декорација во дневна соба, канцеларија или работен простор
Зошто 2000 парчиња?
Помалите сложувалки се завршуваат за една вечер и брзо се забораваат. Сложувалка со 2000 парчиња ви дава нешто на кое ќе работите со денови или недели, тоа е вистински проект. Нивото на детали е значително побогато, чувството на задоволство при завршување е многу поголемо, а финалниот резултат изгледа импресивно кога ќе се врамува. Ова е совршен баланс помеѓу достапност и предизвик. Прочитајте во нашиот Водич за врамување сложувалки, како полесно и поедноставно да си ја зачувате сложувалката како декорација во вашиот дом.
За кого е наменета
За сите што сакаат повеќе од обично хоби, за љубители на сложувалки кои бараат вистински предизвик, луѓе кои сакаат да се опуштат без екрани или оние што бараат уникатен и рачно изгледаен декор за домот што сами ќе го создадат.
Доколку сакате да подарите сложувалка на некој, овде имате водич кој ќе ви помогни како да ја изберете вистинската. Исто така, кај нас можете да најдете уникатни сложувалки, класични сложувалки со по 1000 или 500 парчиња.


Критики
Нема критики сеуште.