✓ Бесплатна достава за нарачки над 1500 ден.
Историјата на Сложувалките

Историјата на Сложувалките – Од 1760 до Денес

Сложувалките денес ги поврзуваме со релаксација, фокус и убаво поминато време дома. Но историјата на сложувалките почнува многу порано како образовна алатка, па потоа како хоби за возрасни, семејна традиција и на крај како модерна „mindfulness“ навика. Ајде да прошетаме низ најважните пресвртници- од првите дрвени „карти“ во 1760-тите до денешните огромни формати и креативни серии.

Сложувалките имаат долга и интересна историја. Од првата пазла направена за едукација до модерните 3D сложувалки.

1760 – Првата Сложувалка

Сè почнува во 1760-тите и тоа со мапа, а не со пејзаж. Првата сложувалка била создадена како едукативна алатка, за полесно учење географија. Така, „играта“ всушност била лекција скриена во забава.

1760-тите: првите „dissected maps“ (расклопени мапи)

Историјата на сложувалките најчесто ја врзува појавата на првите сложувалки со Лондонскиот картограф Џон Спилсбери (John Spilsbury), кој во 1760-тите продавал дрвени мапи исечени на делови или познати како „dissected maps“. Идејата била едноставна: децата (и учениците) да учат географија преку составување.

Британскиот картограф Џон Спилсбери ја создал првата слозувалка сечејќи мапа на Европа на парчиња. Се користела за учење географија.

1760 - Првата Сложувалка

1800-1900 – Индустријализација

1800–1900 е период кога сложувалките почнуваат да се менуваат најмногу. Со индустријализацијата, изработката станува побрза и попрецизна, а сложувалките полека преминуваат од рачно сечено дрво кон поефтини материјали и поширока достапност. Во овој век тие се движат од „едукативна алатка“ кон вистинско хоби што сè повеќе влегува во домовите.

1800-тите: од дрво кон картон и „jigsaw“ името

Долги години сложувалките биле претежно дрвени и се сечеле рачно со пили (scroll saw / fretsaw). Подоцна, во доцните 1800-ти почнуваат да се појавуваат и картонски сложувалки, иако на почетокот биле помалку ценети од дрвените.

Во истиот период се поврзува и терминот „jigsaw“ со сложувалките. Името го добиле поради типот на алат, односно од пилата што се користела за сечење.

Со текот на времето, картонските сложувалки почнуваат да го заменуваат дрвото бидејќи биле полесни за производство и многу подостапни за поширока публика. Тоа значело дека сложувалката веќе не е „луксузна игра“, туку хоби што може да си го дозволат повеќе семејства.

Во овој период се појавуваат и брендови што го подигнуваат стандардот за квалитет. Ravensburger (основан 1883) станува едно од најпрепознатливите имиња – синоним за прецизно сечење, јасен принт и парчиња што убаво „седнуваат“ едно во друго. Токму ваквите брендови помогнале сложувалките да станат масовно популарни и да се претворат во класика што трае и денес.

Што се менува тука? Производството станува поевтино, а сложувалката полека се приближува до поширока публика.

1800-тите: од дрво кон картон и „jigsaw“ името

1907–1910: првата голема „манија“ кај возрасни

На почетокот на XX век, сложувалките стануваат вистински тренд кај возрасните – особено во САД, каде што се бележи „пазл манија“ околу 1907–1910. Во тоа време многу сложувалки биле тешки, често дрвени и понекогаш дури и без јасна слика на кутијата – што ги правело уште поголем предизвик.

Зошто луѓето се „закачиле“? Затоа што сложувалките во тој период нуделе комбинација од предизвик, престиж и мирна домашна забава.

1900-2000 – Злато Доба

1900–2000 често се смета за „златно доба“ на сложувалките, бидејќи токму во овој период тие стануваат масовно популарни и се претвораат во омилена домашна забава. Производството станува понапредно, квалитетот на печатот и сечењето се подобрува, а темите и стиловите се множат – од мапи и класични илустрации до фотографии и уметнички сцени. Во текот на целиот век, сложувалките се движат од тренд кај возрасни, до семејна традиција што се пренесува од генерација на генерација.

1930-тите: Големата депресија и „златното време“ на сложувалките

Кога времињата се тешки, луѓето бараат евтина и долготрајна забава. Токму затоа, во 1930-тите, за време на Големата депресија, сложувалките доживуваат огромен подем: биле достапни, можеле да се составуваат повеќепати и давале чувство на „успех“ во период на стрес и неизвесност.

Во тој период стануваат популарни и сложувалки како промотивни материјали (брендови, реклами, производи) – луѓето буквално „склопувале реклами“, но со задоволство.

1930-тите: Големата депресија и „златното време“ на сложувалките

По Втората светска војна: масовно производство, семејна традиција

Со подобрување на печатот и индустриското сечење, сложувалките стануваат попристапни, поразновидни и почесто присутни во домовите. Во многу земји тие се претвораат во семејна традиција – викенд на маса, чај/кафе, и „само уште ова парче“.

Овој период е важен и затоа што се стабилизираат „стандардите“: квалитет на печат, дебелина на картон, прецизност на вклопување и формати (500, 1.000, 1.500+).

1980–2000: сложувалката како „уметност“ и како мозочен предизвик

Од 1980-тите па наваму, сложувалките влегуваат во својата модерна ера – период кога не се „само слика што се составува“, туку цело искуство. Печатењето станува поквалитетно, сечењето попрецизно, а изборот на теми експлодира: од фотографија и уметност, до илустрации, апстрактни градиенти и тематски серии.

Во исто време, сложувалките добиваат нова улога: анти-стрес хоби и „дигитален одмор“ од екрани. Луѓето почнуваат да ги составуваат не само за да ги завршат, туку и за да се релаксираат, да се фокусираат и да уживаат во процесот. Стануваат популарни и колекционерски изданија, големи формати со илјадници парчиња, како и сложувалки што се рамат и се користат како декорација.

Модерната ера носи и повеќе креативност: некои сложувалки имаат „твист“ (не ја составуваш истата сцена што ја гледаш на кутијата), други се 3D или дрвени со уникатни форми. Денес, без разлика дали сакаш брз викенд-проект или огромен предизвик што трае со недели, има сложувалка што совршено ќе ти одговара.

Од 1980-тите па натаму, пазл-светот се шири во две насоки:

1) Илустрации што се препознаваат од далеку

Некои брендови создаваат препознатливи стилови и автори. На пример, кај Jumbo се развива силна линија на илустрирани сложувалки (како оние на Jan van Haasteren).

2) „Мисли надвор од кутијата“ концепти

Во 1997 се појавува Wasgij – серија што станува позната затоа што не ја составуваш сликата од кутијата, туку треба да ја составиш сцената што ја „гледа“ некој лик, или што ќе се случи следно.

Ова е момент кога сложувалките јасно се позиционираат и како креативен мозочен предизвик, не само како „слика што се составува“.

Денес: од релаксација до огромни формати и колекционерство

Денес: од релаксација до огромни формати и колекционерство

Денешните сложувалки се повеќе од хоби – тие се:

  • анти-стрес рутина (неформална „дигитална пауза“)
  • колекционерски предмет (лимитирани серии, уметнички изданија)
  • декорација (рамење и закачување)
  • екстремни предизвици (огромен број парчиња и големи формати)

Иако основната идеја е иста како во 1760-тите (составување делови во целина), денес изборот е огромен: фотографии, илустрации, минималистички градиенти, 3D, дрвени „whimsy“ форми и тематски серии.

Од образовни дрвени мапи во 1760-тите до модерни серии што бараат имагинација и огромни формати, историјата на сложувалките покажува колку ова хоби се менувало со времето. Сепак, една работа остана иста: оној момент кога последното парче конечно „кликнува“ на место. Тоа е мал, тивок триумф што секогаш радува без разлика дали составуваш 100 или 2.000 парчиња.

3D сложувалки, дрвени со уникатни форми, механички модели и огромни формати до 40.000+ парчиња.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

🚚
Бесплатна Достава
За нарачки над 1500 ден.
🔄
Замена до 14 Дена
Гарантирана замена
Квалитет Гарантиран
CE маркирање
🔒
Безбедно Плаќање
Картичка / При достава