✓ Бесплатна достава за нарачки над 1500 ден.

Споредба на Брендови за Сложувалки – Кој е Најдобар

Замислете: отворате нова кутија и откривате дека парчињата не се вклопуваат прецизно. Или уште полошо, бојата е бледа, картонот е тенок, а сликата е нејасна. Токму тоа е разликата меѓу добари и лоши Брендови за Сложувалки, а таа разлика лесно може уживањето да го претвори во фрустрација.

Пазарот денес е преполн. Десетици брендови нудат стотици производи – од едноставни слики за деца до монументални панорами од 33.000 парчиња за посветени колекционери. Истражувањата на пазарот покажуваат дека глобалната индустрија за сложувалки ќе надмине $5 милијарди до 2028 година, со стабилна просечна годишна стапка на раст од околу 4 до 5 проценти. Но и покрај тој раст, само неколку брендови навистина го заслужуваат вашиот избор.

Во овој детален преглед ги споредуваме 5-те најпознати светски брендови според квалитетот на картонот, прецизноста на сечењето, јасноста на печатот и вредноста за парите. За целосен водич кон правилен избор, прочитајте го нашиот Водич за сложувалки: избор, подарок, рамка и повеќе.

Споредба на Брендови за Сложувалки – Кој е Најдобар

Ravensburger- Кога Германска Прецизност Станува Уметност

Ravensburger, основан во 1883 година во малиот германски град Равенсбург, е недвосмислено легенда на оваа индустрија.

Нивната тајна? Кај најдобрите брендови за сложувалки, ниту едни две парчиња во серијата не се исто исечени. Секое парче е уникатно по форма, така што никогаш нема да го помешате и да се вклопи таму каде што не треба. Картонот е дебел, мат, без одблесок под лампа, и исклучително издржлив.

Најпопуларни серии

Krypt е можеби нивниот најинтригантен производ. Серијата Krypt и загатката Escape Series се меѓу најзабележливите специјални серии, Krypt е монохроматска слозувалка без слика, само со метален сјај, каде единствениот водич е самата форма на парчето.

Оценка: 9.5/10 — Светски стандард без компромис.

Бонус: Ravensburger и Светот на Натпревари

Ravensburger не е само производител тоа е вистинска заедница. Компанијата редовно организира официјални натпревари за брзо составување сложувалки, познати како speed puzzling competitions. На овие настани, учесниците се натпреваруваат кој најбрзо ќе склопи идентична сложувалка, поединечно или во тимови.

Натпреварите се одржуваат на регионално и меѓународно ниво, а Ravensburger обезбедува официјални сложувалки специјално избрани за натпреварувачки формат. Speed puzzling полека прераснува во признат спорт со своја ранг-листа и посветена глобална заедница.

Clementoni – Италијанска Страст за Боја и Детали

Ако Ravensburger е прецизен инженер, Clementoni е страствен уметник. Нивната линија High Quality Collection е пример за тоа колку живи и топли можат да бидат боите на сложувалка.

Основан во 1957 во Реканати, Италија, Clementoni изгради репутација врз однос квалитет-цена кој тешко може да се победи. Особено силни се во категоријата за деца и семејства нивните детски серии со мали парчиња и безбедни материјали се меѓу најпродаваните во Европа.

За идеи при купување подарок по специфична прилика, погледнете ги нашите Најдобри Сложувалки за Подарок  Clementoni доминира во многу категории.

Оценка: 8.5/10 — Италијанска убавина по разумна цена.

  • Компанијата активно користи рециклирани материјали во производството и избегнува употреба на загадувачки компоненти. Кутиите се минимализирани за помалку отпад. Сертифицирани одржливи производствени процеси важен фактор за еколошки свесни купувачи.
Clementoni – Италијанска Страст за Боја и Детали

Trefl – Скриениот Шампион на Регионот

Повеќето луѓе во Западна Европа никогаш не слушнале за Trefl меѓу популарните брендови за сложувалки во Централна и Источна Европа тој има силно препознатливо место. Основан во 1985 година во Полска, Trefl успешно го освои регионот со едноставна филозофија: пристапна цена, разновидни мотиви и достапност насекаде.

Треба да се признае дека прецизноста на сечење понекогаш варира меѓу серии, а некои мотиви се повторуваат. Но за буџетот, Trefl е незаменлив – особено ако купувате за прв пат или барате нешто за помладите членови на семејството. За совети според возраста, погледнете ги Сложувалки по Возраст – Комплетен Водич.

Совет: ако сакаш подобар квалитет, земи Trefl Prime.

Стандардниот Trefl Red е добар за почеток, но ако почувствуваш дека парчиња не се вклопуваат прецизно прескокни директно на Trefl Prime со Unlimited Fit Technology. Цената е малку повисока, но квалитетот е значително подобар и нема лажни вклопувања.

Оценка: 7.5/10 — Несомнен победник кога буџетот е важен.

Buffalo Games – Американска Оригиналност

Сите брендови погоре работат со лиценцирани уметнички дела или фотографии. Buffalo Games го прават истото, но со значително повеќе карактер. Нивната соработка со независни уметници резултираше со некои од најуникатните мотиви на пазарот хумористични сцени, детални илустрации, поп-арт колекции.

Бонус: секоја кутија Buffalo Games содржи постер на сликата – нешто само по себе вредно. Квалитетот на картон и прецизноста се добри, иако не на нивото на Ravensburger.

Најпопуларни Серии

Charles Wysocki е апсолутниот бестселер. Wysocki мотивите се меѓу најсаканите на пазарот рустикални американски сцени, фарми, зимски панорами кои те однесуваат во поедноставен свет.

Night and Day е серија уникатна за Buffalo Games серијата Night and Day прикажува зачудувачки сцени кои преминуваат од рацот до зори во ист мотив. Ravensburger Двојна слика во еден сложувалка нешто кое не го нуди ниту еден конкурент.

Noir Series е луксузен production елегантна black-and-white колекција во кутии со сребрени акценти, дизајнирана пред сè како врвен подарок.

За лиценцирани содржини, Buffalo Games има договори со Marvel, Pokémon, Noir и други брендови, а соработува и со реномирани уметници како Aimee Stewart, Eric Dowdle и Chuck Pinson.

Оценка: 8.0/10 — За оние кои сакаат да се разликуваат.

Charles Wysocki Buffalo Games сложувалка

Educa — Шпански гиганти за вистински предизвик

Educa Borràs е создаден во 2001 со спојување на Borras Plana (основан 1894) и Educa Sallent (основан 1967). Заедно носат повеќе од 150 години искуство во светот на игри и пазли.

Кога се зборува за слозувалки, Германија и Италија ги добиваат сите пофалби. Но постои еден бренд кој тивко, од Барселона, ги постави сите светски рекорди. Educa Borràs е создадена во 2001 со спојување на двете шпански компании Borras Plana, основана во 1894, и Educa Sallent, основана во 1967 со заеднички повеќе од 150 години искуство во индустријата.

Квалитетот е постигнат преку употреба на соодветно дебел картон, специјален non-reflective слој и прецизно составување на парчиња. Слабата страна останува помалку прецизното сечење понекогаш се случуват лажни вклопувања, особено во монотони зони.

Официјален Guinness рекордер. Around the World со 42.000 парчиња е официјалниот Guinness рекордер за најголема комерцијална сложувалка  со единствена слика. Димензијата на сложувалката е 7.49 × 1.57 метри кога е целосно склопена, а сликата е насликана од шкотскиот уметник Adrian Chesterman и прикажува светски знаменитости: Eiffel Tower, Taj Mahal, Christ the Redeemer и Golden Gate Bridge. City Puzzles серијата е илустрирана од наградуваниот италијански уметник Carlo Stanga, чии дела се полни со скриени детали и суптилни референци.

Целокупна Оценка: 8.2 /10

Споредба на брендови за сложувалки
Сортирај:
Бренд Квалитет Цена / вредност Вклопување Разновидност Вкупно
Одлично (8.5+)
Добро (7.0 – 8.4)
Слабо (< 7.0)
★ Вкупен победник

Оценките се базирани на детален преглед на квалитет, кориснички искуства и карактеристики на производот.

🚚
Бесплатна Достава
За нарачки над 1500 ден.
🔄
Замена до 14 Дена
Гарантирана замена
Квалитет Гарантиран
CE маркирање
🔒
Безбедно Плаќање
Картичка / При достава