✓ Бесплатна достава за нарачки над 1500 ден.

Врамување на сложувалка- чекор по чекор

Чекавте со месеци. Ги барате последниве парчиња под каучот, под масата, можеби дури и во чашата кафе. А потоа, еурека! Сложувалката е готова! Совршена, убава, величествена.

И сега… ја расипувате? Ја враќате назад во кутијата? Никогаш! Таа убавина заслужува рамка, и восхит од сите гости!

Еве го вашиот целосен водич за врамување на сложувалка без да ја расипете, без да полудите и со многу задоволство.

“Уметникот Тим Клајн пред некое време сфатил дека производителите на сложувалки често го користат истиот образец за сечење на парчињата кај различни сложувалки. Тоа значи дека парчињата од одредени сложувалки можат меѓусебно да се заменуваат! Тој си создал име со тоа што комбинира делови од две или повеќе сложувалки во надреални „монтажи од сложувалки” кои резултираат со сосема нови творби.”

Врамување на сложувалка

Што ви треба за врамување на сложувалка?

Пред да почнете, подгответе ги следниве работи. Не прескокнувајте го овој чекор неоподготвеноста е мајка на хаосот:

  • Лепак за сложувалки, специјален лак, не обично!
  • Голема рамна површина (маса, под, тераса, каде ви е угодно)
  • Широка четка или сунѓер за нанесување лепило
  • Картон или тврда подлога малку поголема од сложувалката
  • Рамка за слика, со точната димензија на вашата сложувалка
  • Стари весници или пластична фолија за заштита на масата
  • Трпеливост, можеби една чаша ча или вино

Пред да купите рамка, измерете ја сложувалката! Стандардните димензии се напишани на кутијата, но секоја сложувалка е различна.

Чекор 1: Не допирајте ја сложувалката (уште!)

Готовата сложувалка ставете ја на рамна површина. Повторно проверете ја. Не пробувајте да ја подигнете без да ја залепите сложувалката, ризикувате да ви се распадне. (ако веќе го проба тој трик, честитки имаш повторно сложувалка за составување).

Подгответе ја подлогата: ставете лист картон или тврда основа директно покрај сложувалката. Потоа, внимателно, со две раце (или и со помош на некој близок), лизнете ја сложувалката на картонот, НИТУ ЕДНО парче не смее да недостига!

Ако сложувалката е на мека подлога (крпа, маса со ткаенина), прво лизнете тврда книга или картон под неа пред да ја движите.

Чекор 2: Лепење, магичниот момент

Сега доаѓа најважниот чекор! Puzzle Glue е специјален лепак кој се нанесува на лицето на сложувалката. Тој ги спојува сите парчиња во еден цврст лист.

Отворете го лепакот и нанесете го рамномерно преку целата површина со широка четка. Движете ја четката полека и мирно, во долги потези, не во кружни движења. Сакате тенок, рамномерен слој, не базен.

После нанесувањето, оставете да се суши:

  • Лесни сложувалки (500-1000 парчиња): 30-60 минути
  • Тешки сложувалки (2000+ парчиња): 2+ часа

За екстра цврстина, нанесете ДВА слоја, прво лицето, сушете, па превртете ја и нанесете и на задната страна. Ова е особено важно за поголеми сложувалки.

Чекор 3: Проверка на цврстоста

По сушењето, нежно допрете ја сложувалката. Треба да се чувствува цврсто, скоро како тврд картон. Ако сè уште е флексибилна или некои парчиња се одделуваат, проверете дали има доволно лепак, доколку не, ставете рамномерно и оставете да се суши.

Ова е моментот е клучен, мала нетрпеливост може да биде хаос…. Попуштете сега, па ќе плачете подоцна кога сложувалката ќе ви падне од ѕидот.

Тест: Подигнете ја за еден агол. Ако целото парче остане цврсто без виткување успеавте! Ако се свиткува или некаде пука, назад со лепилото.

Ставање на сложувалката во рамка

Чекор 5: Сложувалката е готова!

Сега само треба да ја закачите сложувалката на ѕидот. Изберете место каде нема директна сончева светлина (УВ зраците ги бледат боите со текот на времето) и уживате во неа.

За закачување користете специјални куки за слики. Ако рамката е тежока (особено со стакло), користите двојни куки за сигурност.

Мали сложувалки (до 500 парчиња): обична куќна кука

Средни (500-1500): кука со добра носивост

Големи сложувалки (2000+): двојна кука за слики

Пред да дупчите во ѕидот, користете нивелир (или апликација на телефон) за да бидете сигурни дека рамката е рамена. Накосена сложувалка, накосено расположение.

И тоа е тоа, мисија завршена!

Сложувалката е на ѕидот, рамката е рамна, и секој што ќе влезе во просторијата ќе праша: „Каде ја купи оваа слика?” а вие со насмевка ќе одговорите: „Сам/а ја направив”

Погледнете ја уште еднаш. Секое парче го барате, го наоѓавте, го вметнувавте. Некои ви паѓаа под масата, некои изгледаа исти а беа различни, некои ги наоѓавте на среќа. А сепак,еве ја, цела, залепена, врамена и закачена.

Тоа не е само сложувалка. Тоа е трпеливост. Тоа е упорност. Тоа е доказ дека кога нешто го завршувате до крај вреди да се покажи.

Неколку последни совети за подолг живот на вашата сложувалка:

Чувајте ја подалеку од директна сончева светлина, боите избледуваат побрзо отколку мислите. Влагата исто така е непријател, па избегнувајте бањи и кујни. Ако забележите дека некој агол почнува да се одлепува со текот на времето, едноставно нанесете малку лепак само на тој дел и притиснете. Никоj нема да забележи, а сложувалката ќе стои уште со години.

Ако некогаш решите да ја тргнете од ѕидот, не паничете, рамката можете да ја употребите за нова сложувалка. Затоа почнете да барате следната. Еден завршен проект само значи дека е време за нов.

🚚
Бесплатна Достава
За нарачки над 1500 ден.
🔄
Замена до 14 Дена
Гарантирана замена
Квалитет Гарантиран
CE маркирање
🔒
Безбедно Плаќање
Картичка / При достава