✓ Бесплатна достава за нарачки над 1500 ден.
Најчестите грешки при редење сложувалка

Најчестите грешки при редење сложувалка

Сите ние мислиме дека редењето сложувалка е едноставно само ја отвараме кутијата, ги истураме парчињата и почнуваме. Но, секој кој барем еднаш почнал да реди сложувалка знае дека работите не се баш така едноставни и лесни. Без разлика на бројот на парчиња кои ги содржи сложувалката, дали е од 500 парчиња или 1000 парчиња, понекогаш може да помини повеќе време и пред нас да има само мала група споени делови. Ова може лесно да доведи до фрустрација и да се откажиме од понатамошно редење со изговор дека сложувалката е “тешка.” 

Во вакви моменти, верувајте, најчесто проблемот не е во сложувалката или во нејзината “тежина”. Од искуство можам да кажам дека така се прават едни од најчестите грешки при редење сложувалка. Но, добрата вест е што сите тие грешки можат да се избегнат со малку повеќе организација, трпение и вистински пристап. Тогаш, редењето сложувалка ќе ви биде забава, а не фрустрација. 

Еве кои се најчестите грешки при редење сложувалка, а ќе ви кажам и како да ги избегнувате.

Почнуваме без да ја погледнеме сликата

Една од најчестите грешки е веднаш да почнеме да ги спојуваме парчињата без добро да ја разгледаме сликата на кутијата или сликата што ја има како прилог во сложувалката.

Сликата не е само пример за тоа како треба да изгледа готовата сложувалка. Таа е нашата најважна помош во текот на целото редење. Пред да започнеме, добро е да ја погледнеме целата слика и да забележиме кои делови се најпрепознатливи. На пример, ако сложувалката има куќа, дрво, автомобил, планина или некој карактеристичен предмет, токму тие делови можат да бидат добра почетна точка.

Кај сложувалките со многу парчиња, деталното разгледување на сликата може значително да го олесни целиот процес.

Почнуваме без да ја погледнеме сликата

Не ги сортираме парчињата

Кога имаме сложувалка од 100 или 200 парчиња, можеби и не е страшно ако сите парчиња се измешани. Но, кога бројот ќе достигне 500, 1000 или повеќе, несортираните парчиња можат да создадат вистински хаос.

Наместо веднаш да бараме каде припаѓа секое парче, можеме прво да ги разделиме. Најчесто се започнува со издвојување на рабните парчиња, односно оние со една рамна страна. Потоа останатите можеме да ги групираме според боја, шема или дел од сликата.

На пример, сите сини парчиња можат да одат на едно место, зелените на друго, а парчињата со букви, лица или специфични детали на трето. Доколку има места со иста или слична боја, како пример го редите небото- тогаш најдобро е да ги сортирате парчињата според формата.

Најдобар начин да сортирате парчиња е да ги ставате во посебни кутии за сложувалки или да имате доволно простор за да ги одделите парчињата. Ова можеби изгледа како дополнителна работа, но всушност ни заштедува време подоцна.

Се обидуваме да погодиме само според бојата

„Ова парче е сино, значи веројатно оди тука.“ Колку пати сте го направиле ова?

Боите можат многу да ни помогнат, но не треба да бидат единствениот критериум. Две парчиња може да имаат речиси идентична нијанса, а да припаѓаат на сосема различни делови од сложувалката.

Покрај бојата, треба да ја гледаме и текстурата, линиите, формите и малите детали. Кај сложувалка со небо, на пример, голем број парчиња може да бидат речиси исти по боја. Она што погоре го споменав, во ваков случај ги делите парчињата според формата.

Ги форсираме парчињата да се спојат

Ова е една од грешките што најлесно можат да ни го расипат расположението. Кога две парчиња изгледаат како да припаѓаат едно на друго, понекогаш сакаме да ги притиснеме за да се спојат по секоја цена. Но, ако не влегуваат природно, најверојатно не се вистинскиот пар.

Добро парче треба да се вклопи без сила. Ако мораме да го виткаме, притискаме или поместуваме со сила, подобро е да го оставиме настрана.

Освен што непотребното притискање може да ги оштети парчињата, лесно можеме да се убедиме дека сме составиле точен дел, а подоцна да сфатиме дека сме направиле грешка. Најдобро е парчето да го оставите на страна, ќе дојде моментот кога ќе се вклопи во сложувалкта без притисок.

Колку време е потребно за да се состави сложувалка

Постојано се обидуваме да го решиме најтешкиот дел

Кога ќе стигнеме до дел со многу слични парчиња, можеме да поминеме половина час обидувајќи се да го решиме. Но, нема правило дека мораме да продолжиме токму таму.

Ако некој дел од сложувалката е особено тежок, едноставно можеме да го оставиме за подоцна и да работиме на друг дел. Можеби ќе составиме неколку полесни области, а кога повторно ќе се вратиме на тешкиот дел, ќе имаме подобра претстава каде одат преостанатите парчиња.

Редењето сложувалка не е натпревар. Понекогаш најдобрата стратегија е едноставно да направиме пауза од проблемот.

Не ги користиме малите детали

Кај сложувалките со многу парчиња, малите детали можат да бидат одличен ориентир.

На пример, дел од прозорец, цвет, буква, лице, птица или мала линија на некој предмет може да ни покаже точно каде припаѓа одредено парче. Наместо да гледаме само големи површини, како „сина“ или „зелена“, треба да обрнеме внимание на малите елементи во сликата.

Токму тие често се клучот за тешките делови.

Не оставаме доволно простор за работа

Удобното место за редење е многу поважно отколку што изгледа. Ако парчињата се натрупани едни врз други, ако немаме простор да ги распоредиме или постојано мораме да ги поместуваме за да стигнеме до одредено парче, редењето станува непотребно тешко.

За поголеми сложувалки е особено корисна поголема маса или подлога за редење. Така можеме да ги распоредиме групите и да оставиме простор за готовите делови.

Исто така, добро осветлување може да направи голема разлика, особено кога работиме со сложувалки со многу слични бои.

Премногу брзаме

Можеби звучи чудно, но брзањето е една од најчестите грешки при редење сложувалки е токму брзањето. Ова исто така е една од причините поради кои редењето станува потешко.

Кога сакаме што побрзо да стигнеме до готовата слика, можеме да почнеме да спојуваме парчиња без доволно внимание. Потоа правиме грешка, продолжуваме врз неа и на крај мораме да се враќаме наназад.

Сложувалките се активност во која токму бавното и внимателно работење е дел од задоволството. Нема потреба да ја завршиме за еден ден. Можеме да ја оставиме, да направиме пауза и да продолжиме следниот ден. Понекогаш, по една ноќ одмор, решението на проблематичниот дел ни станува очигледно. 

Сепак редењето сложувалки треба да биде за ралаксација после напоред ден, а не натпревар. 

Како да ја изберете вистинската сложувалка

Се откажуваме кога ќе стане тешко

Кога долго време не можеме да најдеме каде припаѓа некое парче, лесно е да помислиме дека сложувалката е премногу тешка.

Но, токму последниот дел често е најпредизвикувачкиот. Откако ќе ги составиме препознатливите делови, остануваат големи површини со слични бои и форми.

Наместо да се откажеме, можеме да го промениме пристапот. Да ги свртиме преостанатите парчиња нагоре, повторно да ги сортираме или да ја разгледаме сликата на кутијата. Понекогаш е потребно само да го погледнеме проблемот од друг агол.

Ја сметаме секоја грешка за неуспех

Можеби најважно од сè е да не заборавиме дека грешките се нормален дел од редењето сложувалка.

Можно е да составиме погрешен дел, да го разглобиме и повторно да започнеме. Можно е да поминеме десет минути барајќи парче кое цело време било пред нас. Можно е да бидеме убедени дека едно парче припаѓа на одредено место, а подоцна да откриеме дека не сме биле во право. Сето тоа е дел од процесот.

Сложувалката не е само крајната слика. Интересот е токму во барањето, споредувањето, испробувањето и постепеното откривање каде припаѓа секое парче.

Како да го направиме редењето полесно?

Наместо да бараме совршена техника, најдобро е да си создадеме сопствен систем. Некој сака прво да ја состави рамката, друг веднаш ги бара најпрепознатливите детали. Некој ги сортира парчињата по боја, а друг според формата.

Добар почеток е да ја разгледаме сликата, да ги издвоиме рабните парчиња и да создадеме неколку групи според боја и детали. Потоа можеме постепено да составуваме помали целини и да ги поврзуваме во поголема слика.

И, се разбира, не мора секоја сложувалка да биде наредена во еден ден. Особено кај сложувалките од 1000 или повеќе парчиња, убавината е во тоа што можеме да ѝ се враќаме кога сакаме.

На крајот, најважно е да уживаме

Најчестите грешки при редење сложувалка всушност не се голем проблем. Погрешно споено парче, несортирана маса или половина час потрошен на погрешно место се само дел од искуството.

Со малку организација, добро осветлување, доволно простор и трпение, дури и сложувалка со стотици или илјадници парчиња може да стане пријатна и опуштачка активност.

Затоа, следниот пат кога ќе отворите кутија и пред вас ќе се најдат стотици мали парчиња, не брзајте. Погледнете ја сликата, сортирајте ги парчињата и дозволете процесот да трае онолку колку што е потребно.

А ако погрешите? Нема ништо страшно. На крајот, секое парче сепак има свое место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

🚚
Бесплатна Достава
За нарачки над 1500 ден.
🔄
Замена до 14 Дена
Гарантирана замена
✅
Квалитет Гарантиран
CE маркирање
🔒
Безбедно Плаќање
Картичка / При достава