Дали сте љубител на Јапонските аниме филмови на Гибли? Ако сте, тогаш овие сложувалки- Гибли карактери се совршената забава за овој викенд за вас. Тоторо, Софи, Чихиро, Кики, Принцезата Мононоки- сите на едно место. Убава сложувалка, достапна во две големини, од 500 парчиња и 1000 парчиња. Изберете големина според вашето искуство и составувачко ниво. Препрачуваме сложувалки од 500 парчиња за почетници и сложувалки од 1000 парчиња за напредни составувачи на сложувалки.
Спецификација
- Број на парчиња: 500 и 1000
- Големини: 500 парчиња- 38/52цм; 1000 парчиња- 50/70 цм
- Материјал: картон
- Возраст: 14+
Зошто да изберете сложувалка
Сложувалките не се само забавна активност, тие се одлична вежба за мозокот. Со нивното решавање се подобруваат концентрацијата, меморијата, логичкото размислување и способноста за решавање проблеми. Воедно, тие помагаат да се намали стресот и создаваат чувство на задоволство кога ќе се пронајде вистинското решение. Без разлика на возраста, сложувалките се едноставен и пријатен начин да го одржувате умот активен и да уживате во квалитетно поминато време.


Критики
Нема критики сеуште.